ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го „разреши“ Филипче, пратениците си заминаа од седницата

од Nikola Popovski

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница пред да биде изгласан нејзиниот дневен ред и ја презакажа за утре во 12 часот, откако претходно пратениците од опозицијата, рекоа дека денеска нема да учествуваат во работата на Парламентот. Причината за ваквиот потег е што спикерот Талат Џафери според прописите, без предлог од премиерот, не може да се разреши член на Владата.

-Барањето е против уставно и во спротивност со деловниокот за работа на Парламентот. Министрите ги предлага Владата и таа ги разрешува, а Собранието само ги констатира владините одлуки, изјави Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот на Парламентот дека покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.

Собранието кога ќе добие оставката почнуват вашите процедури, а вие официјално немате добиено никаква оставка, кога ќе ја добиеме оставката, каде е таа, патува од Влада, чекаме да видиме дали ќе биде прифатена. Министерот сака од морални причини да си поднесе оставка, дали вие му ја оспорувате или целото ова е одредена игра којашто треба да се случи во самото Собранието, вели Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во процедурална забелешка рече дека министерот за здравство секогаш бил коректен со нив и оти по излегувањето од салата многу од нив ќе му се јават да му се извинат.

Слични содржини