ВМРО-ДПМНЕ: Нели идентитетот беше бетон, и не се преговараше за идентитетските прашања со источниот сосед?

од Stefanija Kuzmanovska

„Во однос на изјавите дека македонската страна прифатила бришење на придавката „македонски“ и нејзина замена со новото име договорено од Заев, јавно прашуваме: Нели идентитетот беше бетон, и не се преговараше за идентитетските прашања со источниот сосед? За ова ли Заев менуваше член на историската комисија? Нели придавката „македонски“ била испишана со златни букви, како сега исчезна од записниците. Владата на јавноста ѝ должи одговори. Колку подолго Заев е премиер толку повеќе Македонија ќе губи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако било ешено уставното име наместо придавката македонски да се користи во записниците од Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија.

Придавката македонски ќе се користи само во цитатите од записниците, а во официјалните заклучоци од средбите ќе се употребува уставното име на земјава. Ова е дел од договореното по вчерашната онлајн средба на македонските и бугарските историчари од Мешовитата комисија.

Слични содржини