ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Филипче е еден од ретките што комуницира со Груби

„ЈО барем нека провери како Филипче е во комуникација со бегалец од правдата“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче е еден од ретките што комуницира со бегалецот и екс-вицепремиерот Артан Груби. Партијата на власт обвинува дек СДСМ и Филипче се „фатиле“ за еден договор во Железници, но не кажуваат колкава е договорената сума, по обвинувањата дека Владата склучила договор со компанијата ИРД Инженеринг, иако додека беше опозиција обвинуваа дека компанијата е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“, „епски криминал“…

„И има за што не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, колку што е договорот за кој зборуваат, Филипче за јахтата ги троши само за бензин за пет дена. А, ако пак, оди на поголема дестинација или побрзо плови по морските води, тие 45 илјади евра ќе ги потроши за бензин, за приближно три дена.

Филипче, кој е поранешен министер за здравство е дел од криминалната банда на СДС, кои целосно го уништија македонското здравството.

За време на најголемата криза во корона периодот, додека луѓе умираа секој ден, Филипче го злоупотреби здравствениот систем за да врши набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг“, велат од „Белата палата“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче можеби не знае, но, порачуваат, помагањето на Груби за бегство од правдата, претставува кривично дело.

„ЈО барем нека провери како Филипче е во комуникација со бегалец од правдата, кога веќе не го истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото СДС и Филипче.

А, народот со масовна излезност на изборите, уште во прв круг, да стави крај на оваа криминална банда на СДС и со гласање за број 9, да го направи вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, стои во партиското соопштение.