ВМРО – ДПМНЕ обвинува за изборен поткуп, а преку партиски активисти дели пакети

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови упати серија на обвинувања за некоков изборен поткуп насочен кон СДСМ.

Низ социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа како ВМРО-ДПМНЕ дели пакети со партиски ознаки и самата се рекламира.

Партијата, преку министерот Наќе Чулев се обиде хуманитарната акција во Струмица, преку која секојдневно се дистрибуираат пакети со помош на сиромашните и ранливите категории, да ја престави како криминална и изврши упад во магацините каде што се пакува помошта. Дури, нивната лудост отиде до таму да приведуваат млади учесници во хуманоста. На крајот, ваквата црна пропаганда заснована на лажни вести и погрешно прикажување во јавноста на хуманитарната акција, заврши неславно за ВМРО-ДПМНЕ.

Се покажа дека акцијата е спроведена без соодветна аминистративна процедура. Но, се покажа дека на легален и транспарентен начин, хуманитарната помош во Струмица ја прибира невладина организација која потоа ја предава на општинскиот кризен штаб и преку волонтери на општинскиот штаб се дели на социјално ранливи граѓани.

Слични содржини