Пендаровски наместо да глуми циркузант и да се умилкува кај СДС и ДУИ одговорност треба да побара кај нив за преименувањето на Втора македонска бригада. Изгубен во просторот и времето и со мислите како само да се додвори до ДУИ и СДС за поддршка на нов мандат за претседател на државата Стево Пендаровски глуми загрижен претседател, соопштуваат од ВМРО – ДПМНЕ.
„Со доверба некаде околку нулата Пендаровски реши да каже нешто во јавноста, правејќи се циркузант.
Пендаровски, како претседател докажа дека има тотално непознавање од законите, нормите и надлежностите во државата. Каква инспекција бара Пендаровски во општина Чаир, кога општината нема никаква надлежност, туку таа надлежност ја има Градот, како и централната власт.
Ако не знае, нека прочита и дознае, дека одлуката за преименување на улицата Втора македонска ударна бргада ја има донесено Град Скопје, Советот на градот Скопје, со претходна согласност и мислење на владата.
Овие промени се донесени во март 2021 година, каде тогаш градоначалник е Петре Шилегов, мнозинство во советот на Град Скопје се ДУИ и СДС, а на чело на владата исто така ДУИ и СДС.
Наместо да глуми циркузант и да се умилкува во ДУИ и СДС, нека побара одговорност од власта и претходното раководство во градот Скопје“, стои во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.