ВМРО-ДПМНЕ: Победивме во Јегуновце, Могила, Петровец

од Nikola Popovski

Имаме освоени градоначалнички места во Јегуновце, Могила, Петровец, Градско, Виница, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков во изјава за ТВ 24.

Според него, опозициската партија има повеќе гласови во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба.

-Од нашиот аналитички центар дознаваме дека водиме во Прилеп, Велес и Гевгелија, додаде тој и истакна дека им се благодарни на граѓаните и веруваат во уште поголема поддршка во вториот круг.

За првичните резултати околу градот Скопје, Левков информира дека имаат најава за добри резултати.

Слични содржини