ВМРО-ДПМНЕ: Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери

од desk4

Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери блиски до Заев. Се додека разни „Кики, Фрики и специјални обвинителки” се недопирливи за истрагата и заштитени од Заев, Македонија ќе тоне во криминал, корупција и рекет. Се додека законите не важат за градоначалници што киднапираат и малтретираат или генерални секретари што договараат тендери, Македонија нема да добие датум за преговори.

Кои се Кики и Фрики, одговор на ова прашање мора да има, мора да се дознае кои високи државни и партиски функционери биле вмешани во овој нов мега скандал?

Каква е инволвираноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и поради која причината и беше одземен телефонот?

Рускоска обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта, овој случај мора да се расчисти до крај. Мора да се стигне до главата на октоподот, порачуваат од Центарот  за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини