ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тврдиот став: Нема да има уставни измени со вакви фолирања

од Nikola Popovski
239 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос за условените оставки од ДУИ и ставот на министерот Артан Груби дека е подготвен да се откаже од 100 дена премиер Албанец истакна дека уставни измени со вакви фолирања нема да има.

Како што вели, добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и потенцира дека „потешко им е на СДСМ отколку на ДУИ да ја прифатат идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер“.

Уставни измени со вакви фолирања нема да има, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ако сака Артан Груби веднаш нека си поднесе оставка, но проблем не е само ДУИ туку и СДС да поднесат оставки, ама неотповикливи, и да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки, рече Стоилковски на прес-конференција.

Според него, добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција.

Од СДСМ порачаа дека „Мицкоски треба да ја искористи шансата и да одлучи: глас за ЕУ или изолација“.

Членството во ЕУ е врвна стратешка цел на мнозинството граѓани, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ не отстапува. Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина на нашиот народ и нашата држава, рекоа од владеачката партија.

Од друга страна, Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бара прифати оставката на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Ова следува после вчерашното писмо на лидерот на дУИ, Али Ахмети во кое до премиерот Димитар Ковачевски ги испрати оставките на министрите и функционерите од неговата партија. Условот е да стапат на сила кога најголемата опозициска партија ќе гласа за уставните измени.

Слични содржини