ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ пензионерите ги крадеше со лопата, а им враќа со лажичка

од Ивана Рамаданова
176 прегледи

По направениот хаос во МТСП кој го остави Мила Царовска со креирање на нефункционални законски решенија во која се спојуваат ПРАВА и УСЛУГИ, таа продолжува со исто темпо како вицепремиерка за економски прашања, создавајќи лажна слика за пензиите, доведувајќи ја во заблуда јавноста, посебно пензионерите, велат од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Таа се фали дека ги зголемува пензиите за пензионерите, а пред тоа им ги скрати пензиите по законот за порамнување на пензиите. Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно. Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден или по 575 денари месечно“, се вели во соопштението.

Од таму сметаат дека со кратење на средства за социјално ранливите категории на граѓаните, а и манипулациите со покачување на пензиите, Царовска покажува дека се неспособни, но истовремено и неискрени кон граѓаните.

Власта на СДССМ и Царовска не го решава проблемот на граѓаните со лошите услови за живот, економијата и растечката сиромаштија. Граѓаните знаат дека тоа што СДСМ им го зеде со лопата сега им го враќа со трошки. Интересот на граѓаните е пред се, но не со кратење на средства на социјално ранливите категории. Народот гледа и знае да процени и затоа Царовска и СДСМ ќе бидат казнети на изборите на 12 април, се додава во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини