344
На Заев му е поважно да се спаси од одговорност за криминалите, од закон за Јавно обвинителство, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДСМ се радува да нема решение или ако има да биде во целосна функција на заштита на криминалот на власта. На тоа работи и тоа го посакува Заев. Впрочем на СДСМ најмалку му одговара квалитетно решение за закон за Јавно обвинителство затоа што по тој закон Заев и неговата банда криминалци треба да одговараат за грабежот кој го прават во државата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека овој пат нема да има спас во некаква амнестија или пак решение на закон, додавајќи дека на 12 април ќе победеле на изборите.