Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со амандмани ќе се обиде да го спречи носењето на Законот со кој се поништува лустрацијата, рече пратеникот Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека опозицијата ќе се спротивстави на носењето на законското решение со кое се укинува лустрацијата и се обештетуваат лустрираните и нивните семејства, додавајќи дека кодошите требало да бидат казнети.
„Партијата на аболицираниот Зоран Заев прави аболиција на кодошите. Со СДСМ, Македонија стана единствена земја во која нема лустрација за кодошите од комунистичкиот режим. Единствена земја во која кодошите ќе добијат пари од буџетот. Во Европа не се оди со остатоци од комунизмот претворени во демократија. Одговорност за кодошите мора да има и морална и политичка. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите законски средства да се спречи ова законско решение, рече Илијоски потврдувајќи дека ќе поднесат и амандмани.
А.Т.