ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа

од Nikola Popovski

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ. Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата. Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија. Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош. Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата, додаваат од партијата.

-Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини