ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема да ја има таа среќа нашите кадри да ја напуштат владата

од Aleksandar Todeski
436 прегледи

Ниту техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ниту дополнителните заменици министри Цветан Трипуновски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Невенка Стаменковска-Стојковски во Министерството за информатичко општество и администрација и Гордана Димитриеска-Кочовска во Министерството за финансии ќе си дадат оставка, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по натписите на дел од порталите дека Чулев ќе си поднесе оставка од техничката влада.

Од таму обвинуваат дека веста бил подготвена од СДСМ, додавајќи дека партијата на власт „немало да ја има таа среќа“ Наќе Чулев или некој техничките министри да си дадат оставка.

„Уште еднаш потенцираме дека се работи за лажна вест“, велат од опозицијата.

Техничкиот министер Чулев претходно во изјава за „Локално“ посочи дека ќе пријави во Советот за етика во медиумите за лажната вест.

„Се работи за фејк њуз во рамките на психолошките притисоци кои ми се вршат. Јас ќе пријавам и во ЗНМ и во Советот за етика“, изјави Чулев за „Локално“.

Во инфомациите кои ги споделија медиумите, а кои тој ги категоризира како лажни, беше наведено дека наводно оставката ја подготвувал како солидализирање со Рашела Мизрахи, техничката министерка за труд и социјална политика која беше разрешена поради непочитување на Уставот и Преспанскиот Договор.

Слични содржини