ВМРО-Народна ќе гласа „против“ законите за „Бехтел и Енка“, но останува во владината коалиција

од Nikola Popovski

ВМРО-Народна ќе гласа против за петте предлог-закони со ознака на европско знаме, поврзани со изградбата на дел од Коридорите 8 и 10Д, кои што поминаа на Комисијата за европски прашања. Ова денеска го истакна пратеникот на партијата, Љупчо Балкоски.

Балковски достави предлог до Владата да донесе одлука за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 8 од Куманово до граничниот премин „Деве Баир“ и изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 10 – од Велес преку Прилеп и Битола до граничниот премин „Меџитлија“.

-За овие предлог-закони ќе гласам против. Што се однесува до проблемите во коалицијата, имавме средба и се дискутираше за уставните измени. Сега во периодов најзначајна работа ни се уставните измени и предложените амандмани од Работната група. Остануваме во коалиција, но секогаш нашите ставови ги потенцираме и искажуваме и тоа е демократијата во општеството и коалицијата, кога не се согласуваме со некои работи, кажа пратеникот на брифинг со новинарите.

Слични содржини