Внатрепартиски избори во ДУИ, еден член еден глас

од Берта Китинска

Демократската Унија за Интеграција организира внатре партиски избори во нејзините ограноци во Тетово, Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Желино, Теарце, Арачиново, Чашка, Студеничани, Брвеница и Долнени.

Според Статутот, членството во Демократската Унија за Интеграција е слободно и доброволно бидејќи ДУИ е отворена за сите граѓани на Република Северна Македонија.

-Во овој изборен процес се применува принципот утврден во статутот усвоен на последниот партиски конгрес, еден член еден глас.Овој принцип ќе ги определи претседателите на локалните ограноци на ДУИ кои веќе се на внатре партиски избори.Во сите горенаведени ограноци процесот на онлајн зачленување веќе е почнат и истиот процес се очекува да заврши до месец Јуни ова година, соопштија од партијата.

Од ДУИ упатуваат повик до сите граѓани кои чувствуваат дека се подготвени да придонесат кон креирањето на политики за подобра иднина да се зачленат онлајн на: http://www.regjistrim.mk или на релевантниот огранок каде припаѓаат и со тоа да станат дел од изборите внатре во партијата.

-Член на ДУИ може да стане секој граѓанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години, тие кои ќе ја прифатат Програмата, Статутот на партијата и ќе се изјаснат и пополнат формуларот за членство во партијата во електронска форма, посочуваат од партијата.

Слични содржини