Што прават диктаторите во Женева? Швајцарскиот новинар Франсоа Пиле создал посебна компјутерска програма, која ќе прогласи тревога кога на аеродромот во Женева приземјуваат и полетуваат приватните авиони на диктаторите-пишува DW.

Теодорин Обианг го сака луксузот. И има слабост кон брзи, екстравагантни и најбезбожно скапи автомобили. Покрај неколкуте Ферари, во неговиот возен парк има и Порше 918 Спајдер во вредност од 750 000 евра, Бугати Вејрон за околу 2 милиони евра и еден Конигсег 1, чија вредност е непозната. Во целиот свет има само седум примероци од овој луксузен автомобил со 1 300 коњски сили.
Теодорин Обианг, син на претседателот на Екваторијална Гвинеја и истовремено потпретседател на апсолутистичко управуваната држава ги поседува еден од овие седум возила. Или поточно – поседуваше. Во почетокот на ноември швајцарската обвинителство заплени на аеродромот во Женева вкупно 11 луксузни автомобили, сопственост на претседателскиот син.

Нечисти зделки?
Конфискацијата беше извршена во текот на кривичната постапка за перење пари. 47-годишниот Теодорин Обианг треба да одговара и пред судот во Франција под обвинение за злоупотреба и корупција. Како што се тврди Обианг живеел во Париз, Лондон и Малибу. Поминува многу време и во Женева. Колку точно – ова никој не знае. Но има индиции. “Во последните шест месеци Пресретнавме над 30 полетувања и слетувања од Екваторска Гвинеја на аеродромот во Женева”, вели Франсоа Пиле во интервју за Дојче Веле. Швајцарскиот новинар разви посебна компјутерска програма за Твитер, која објавува тревога кога на аеродромот во Женева се приземјуваат авионите регистрирани на име на членовите на авторитарни режими. За целта, програмата користи податоците на приватните набљудувачи на воздушниот сообраќај. Со помош на посебна антена тие ги прифаќаат сигналите што се емитираат од секој авион, преку кои ја дознаваат на пример позицијата и регистарскиот број на авионот. Програмата на Пиле ги споредува податоците со составот од новинарската листа на диктаторските авиони и бие тревога кога некоја од овие машини ќе слета или слетува на Женевскиот аеродром.
“Ние не знаеме кој се наоѓа на авионот и зошто токму пристигнува во Женева. Но јасно е дека има некаква врска помеѓу Женева и државата од која доаѓа авионот”, вели швајцарскиот новинар. Авионите на Теодорин Обианг пример имаат поминато доста време во Женева. “Самиот тој не секогаш е на одборот. Понекогаш едноставно ги транспортира своите автомобили до Женева”, вели новинарот и додава дека создадената од него програма обезбедува само индиции. Оттука натаму е задача на новинарите да направат истрага и да докажат зошто даден диктатор пристигнува во Женева – за официјални средби за лекување или поради темни зделки. Иако не верува дека откритијата направени со помош на неговата програма, стојат во директна врска со истрагата против Обианг и конфискацијата на неговите автомобили, швајцарскиот новинар е убеден дека објавените од него информации го насочиле вниманието кон претседателскиот син од Екваторска Гвинеја. “Претходно не се знаеше речиси ништо за него и трансакциите . Но, кога ги донесе луксузните автомобили во Женева, за да ги префрли во странство, некој реагира светкавично, направи фотографии и ги испрати на швајцарските истражни органи”, објаснува Пиле.
“Мајката” на сите даночни оази
Во листата на создадената од него компјутерска програма меѓувреме фигурираат околу 120 авиони од над 20 апсолутистичко управувани држави – од Северна Кореја и Судан, во Саудиска Арабија, та дури до Катар. “Кога ќе пресретнам авион од Катар, кој слетува во Женева пред некоја дипломатска средба или, да речеме, пред мировни преговори за Сирија, тогаш целта на посетата е јасна. Но, кога гледаме дека Теодорин Обианг поминува половина од своето време во Женева, нема како да не претпоставиме дека станува збор за сосема други работи. Толку голем број на посети не може да се објасни само со дипломатска активност “, вели новинарот.

За никого не е тајна дека диктаторите ја сакаат Швајцарија. Според податоците на невладината организација “Tax Justice Networks”, Швајцарија сеуште може да биде разгледувана како “мајката” на сите даночни оази. Затоа Пиле смета дека неговата програма е особено корисна токму во Женева, каде што се наоѓаат седишта на многу меѓународни организации. “Понекогаш дипломатската активност може да се користи како параван за нечисти зделки”, вели новинарот. Целта му е создадената од него програма да опфати наскоро и други големи европски градови.