Внимавајте ако патувате низ Србија, снег на патот Ниш-Белград

од desk2
142 прегледи

На автопатот Белград-Ниш, во двете насоки, отежнат е сообраќајот заради снег на коловозот, а најмногу метеж има на делот од свртувањето за Младеновац кон Белград.

На автопатот се ангажирани машини за чистење на снегот, но снегот сепак се задржува на патот, пишуваат српските медиуми.

Особено голем метеж има на делот од Мал Пожаревац кон Беглрад, каде возилата се движат со брзина од околу 80 километри на час.