Внимавајте: Конечно одговор на прашањето дали треба да се измие пакуваната салата

од Elena Daskalova
292 прегледи

Пакуваната салата е одлична за оние кои немаат време да ја приготвуваат и сецкаат. Но, стручњаците предупредуваат на внимание со ваквиот производ.

Иако се спакувани и измиени и на нив стои назнака „готови за јадење веднаш“, всушност може да се случи во пластичната кеса со зелена салата да се развие некоја бактерија или ситни спори на мувла.

Развиените бактерии може да предизвикаат сериозно труење со храна, па затоа е подобро да ја измиете пакуваната салата уште еднаш, за да спречите нечистотии да останат на неа. Факт е дека според стандардите за производство, овој вид салата се мие и се пакува во строго контролирани услови, но многу од трговците неправилно ги третираат производите и може да настане контаминација додека се во фрижидерот во маркетот.

Од таа гледна точка, многу побезбедна е салатата купена од пазар, која самите ја миете и сте сигурни дека не е загадена, а оштетените листови, кои се идеална подлога за развој на бактерии, лесно ги отстранувате.

Слични содржини