Во 17.30 часот втор ден протест за одбрана на Уставот

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Граѓанското движење „Ајде“ најави втор протест денеска (25 февруари),во 17.30 часот пред Уставниот суд на Република Македонија.

ustaven

Протестот се организира во знак на револт од вчерашната одлуката на судиите да дозволат преиспитување на уставноста на законот кој забранува Претседателот да помилува осуденици за изборен криминал, педофилија и други тешки дела.

Ваквата одлука донесена во рекордно време , појаснуваат од „Ајде“, покажува дека Уставниот суд застанува во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори.

„Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот“, порачуваат од движењето.

Слични содржини