Во 2016 Фејсбук “говорел“ најмногу за политика

од Vladimir Zorba

Претседателските избори во САД и политиката во Бразил се најзборувани теми оваа година на социјалната мрежа “Фејсбук” во светот.

Тоа се водечките теми во мрежата, соопшти компанијата Facebook кога објави во четвртокот листа со водечките теми во социјалната мрежа на глобално ниво.

Повеќе од 1 милијарда и 790 милиони корисници на”Фејсбук” покажале интерес по принцип на политиката: Родриго Дутерте и претседателските избори на Филипините се на 5-та позиција, а референдумот за излез на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) е на 7 -ма позиција во листата.

Меѓу другите дискутирани теми во приватните разговори на “Фејсбук” оваа година е и играта со додадена реалност “Покемон Гоу” (Pokémon Go) – на третата позиција, движењето Black Lives Matter против полициската бруталност (4-та), Олимписките игри (6- та позиција), финалето во американски фудбал “Супер Боул” (8-ма), како и смртта на пејачот Дејвид Боуви (9-та) и на боксерот Мохамед Али (10-та).

Слични содржини