(Видео) Во Аеродром и Гевгелија ќе се гласа и референдум за мигрантите на 15 октомври

од desk2
132 прегледи

Советниците на општините Аеродром и Гевгелија вчера одлучија на 15 октомври, заедно со локалните избори, да се одржат и референдуми по прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на општините.

Советниците на СДСМ гласаа против оваа точка од дневниот ред.

Со распишувањето на референдумот целта е да се спречи актуелната или која било идна влада да спроведе план за населување на мигранти на територијата на општините.

На вчерашната седницата на Советот во скопската општина Аеродром за малку не дојде до посериозен инцидент меѓу советникот од ТМРО и советник од СДСМ. Имено, додека советникот на СДСМ, Марко Данилоски зборуваше од говорницата, советникот од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Шехтански вербално и физички се обиде да го нападне советникот Данилоски.

За сето тоа време претседателот на Советот, Виктор Камиловски ниту го опомена, ниту го спречи, советникот Александар Шехтански.

И советниците на Гевгелија ја прифатија предлог-одлуката за распишување референдум на локално ниво, за или против населување и интеграција на бегалци и странци на подрачјето на општината.

Од друга страна пак, Советот на општина Центар вчера не ја прифати иницијативата за референдум. Советниците на СДСМ во општина Центар гласаа против ставање на дневен ред на точката за распишување на референдум за населување на мигранти во општината.

„Референдумите за бегалци се базираат на лажни вести со цел да се манипулира со јавноста пред локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе претрпи пораз во најголемиот дел од општините, рече вчера министерката за труд и социјална политика“, Мила Царовска.

Според неа иако референдумот е демократска алатка, тој не смее да се одржи на ист датум со локалните избори бидејќи за време на избори не смее да се трошат непланирани средства.

„Апелираме референдум да се распишува внимателно, ако се распише секако не смее да биде на денот на изборите, да биде после изборите. Ако се потрошат 100.000 евра за референдум за лажно прашање потенцирам, кое е лага кое што постои само во главата на Груевски и неговата банда, нигде на друго место поради тоа што навистина мислам дека они се преплашени од локалните избори, ќе ги изгубат во најголем дел од општините“, изјави Мила Царовска.

Златко Перински, пак, од ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека ДИК мора да постапува согласно законот и да не се обидува да го попречува одржувањето на локалните референдуми во општините низ државата, против изградба на мигрантски кампови.

„СДС не смее да врши притисок врз ДИК, со цел ДИК да не го испочитува законот и да го попречува одржувањето на локалните референдуми, само заради тоа што со тоа ќе пропадне нивниот план за населување на мигрантите на територија на Република Македонија“, рече Перински.
Изминатиот период, во повеќе општини во Македонија, прегу граѓанската иницијатива „Будење“ се организираа собирање потписи од граѓаните, за одржување референдуми за ненаселување на беглаци. Министерката Мила Царовска, пред неколку дена присуствуваше на седница на Совет во општина Битола за да ги разувери тамошните функционери дека нема потреба од тоа, затоа што власта не планира изградба на станови за мигранти и нинво населување.

https://www.youtube.com/watch?v=w3hQOEssI6A