Во Аеродром: Наместо да ги демонтираат, со багер ги кршат азбестните табли (ВИДЕО)

од Берта Китинска
287 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео на кое во описот е напишано дека во Општина Аеродром наместо да се демонтираат азбестните табли тие се кршат со багер.

Азбестни табли од кров се демонтираат, не се кршат со багер. Видеото оди тука, бидејќи на телефонот на градежна инспекција на Општина Аеродром не се јавува никој, се вели во описот на видеото коешто денес беше објавено на социјалната мрежа Твитер, а на кое, според твитерџиите, се гледа како градежници кршат азбестни табли од кров на една од последните бараки во тој дел од населбата.