209
При сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија во текот на август Министерството за внатрешни работи санкционирале 1 610 возачи возачи на мотоцикли.
– Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 313 возеле без возачка дозвола, 50 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, соопштуваат од МВР.
Дополнуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.