Во двата најголеми австралиски градови Сиднеј и Мелбурн за неколку децении температурата на воздухот преку лето може да биде и до 50 степени Целзиусови, покажува новата студија.

Овие градови може да ги почувствуваат последиците од глобалното затоплување дури и ако се спроведат одредбите од Париската спогодба за ограничување на растот на температурата на два степени во однос на прединдустриското време, наведуваат научниците.
Тие додаваат дека во случај на исполнување на тој услов, шансите за денови со температура од 50 степени би биле помали, пренесе BBC.
Во Сиднеј во 2013 година измерени се рекордни 45,8 степени, а во Мелбурн 46,4 степени во 2009 година, се наведува во податоците на државната метеоролошка служба.
Со новата студија биле опфатени само австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс, но истражувачите велат дека и жителите на другите делови на Австралија може да очекуваат сличен раст на температурите.