Во државна болница во индискиот град Џанси суспендирани се двајца лекари откако било откриено дека на 28-годишен пациент, жртва на сообраќајка, место перница под глава му ја ставиле неговата отсечена нога.

Роднините на тешко повредениот чистач на автобуси, кој по несреќата во неделата бил префрлен во болница заедно со 25 повредени деца, велат дека болничкиот персонал ги игнорирал нивните барања на роднината да му дадат перница.
„Кога стигнавме во болницата, видовме дека неговата нога ја користат како перница“, вели негов роднина.
Директорот на болницата за агенцијата PTI вели дека на пациентот веднаш му е укажана грижа, а дека ногата под неговата глава ја ставил негов роднина.
Истрага за инцидентот наредија властоте на државата Итар Прадеш. една од најсиромашните сојузни држави во Индија.