Во болница пренесени три лица по пожарот во хотел во Атина (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
262 прегледи

Со сериозни проблеми со дишењето поради густиот чад, три лица се пренесени во болница по пожарот што изби во Атина, а 20 биле евакуирани со помош на противпожарната служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, пожарот избувнал на првиот кат од хотелот, а густиот чад брзо се проширил и стигнал до последните катови, а се создала и паника меѓу гостите и вработените.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека пожарот е ставен под контрола.

Слични содржини