279
Нова, досега непозната варијанта на коронавирусот е откриена во Чешка, објавија денеска чешките медиуми.
Новата варијанта е откриена од експерти од специјализираната лабораторија „Елизабет Фармакон“ од Брн, а според нивната проценка, мутацијата не изгледа поопасна од британскиот или јужноафриканскиот вид, пренесува Тасс.
Епидемиолошката состојба во Чешка е меѓу најтешките во Европската унија.
Во таа земја, која има 10,7 милиони жители, досега се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус, а речиси 26.000 луѓе починаа.