Вo Дино паркот во скопската Зоолошка ќе има 50 диносауруси

од desk2
106 прегледи

Педесет диносауруси во природна големина ќе бидат дел од Дино паркот во рамките на Зоолошката градина во Скопје.

Паркот ќе се наоѓа кај стариот влез на Зоолошката градина и ќе зафаќа површина од околу 3.000 квадратни метри. Со градежни работи за уредување на просторот ќе се започне од февруари, а кон почетокот на мај паркот треба да биде отворен. Диносаурусите ќе бидат набавени од Кина.

„Ќе имаме различни видови диносауруси, кои ќе се движат и ќе испуштаат звуци. Ќе бидат поставени и информативни табли, така што покрај за забава, Дино паркот ќе има и едукативен карактер“, велат од Зоолошката градина.

За паркот на диносауруси ќе се наплатува посебна карта и ќе има посебен влез односно ќе се влегува од стариот влез на Зоолошката. Од градината велат цената за Дино паркот ќе биде симболична.

За уредување на Дино паркот од буџетот на Град Скопје, Зоолошката градина добие еден милиони денари./SDK