458
Далмација и натаму е под вода. Невремето кое го зафати хрватското крајбрежје предизвика бројни проблеми. Срушени дрва, паднати фасади, бродски линии во застој, а нивото на морето порасна. Од цела Хрватска доаѓаат извештаи за штета која е предизвикана од силниот ветер и обилниот дожд.
Во Дубровник е забележан рекорден бран од 11 метри.
„Пожарникарите во Дубровник имаа полни раце на работа од отстранување стебла до испумпување на поплавените објекти, а посебно работа имаа пожарникарите како и жителите на островите, затоа што бродовите заради невремето не пловеа“, наведе ХРТ.