Во екот на скандалот: Најстариот внук на кралицата сними реклама за млеко

Од самото нивно раѓање, вниманието на јавноста е целосно насочено кон принцевите Вилијам и Хари, па често се заборава дека кралицата всушност има осум внуци.

И додека целиот свет ја тресе треската наречена „Меган и Хари“, најстариот внук на кралицата, Питер Филипс, се појавил во кинеска реклама за млеко.

Филипс во рекламата позира со чаша млеко, а во позадина се наоѓа куќа која потсеќа на Лонглит во Вилтшереј.

Рекламата предизвика голем интерес кај јавноста. Едни пишуваат дека Питер го искористува својот кралски статус за да си за здебели сметката, а други коментираат дека едвај чекаат да го испробаат „кралското “ млеко.

Пред 12 години Питер се ожени за канаѓанката Аутмун Кели, а фотографиите од венчавката екслузивно беа продадени за еден светски портал. Парот се запознал во 2006 година на автомобилски трки во Монтреал. На почетокот не знаела дека станува збор за член на кралското семејство, открила дури кога го видела на телевизија на свеченост на британскиот двор.

Слични содржини