Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното министерство за здравство.

„Бројот на повредени во населбата Новофјодоровка во областа Саки се искачи на осум, додека едно лице го загуби животот“, објави министерството на Телеграм, пренесе ТАСС.

Познато е дека меѓу повредените има и две деца и тие се префрлени во окружната болница, а од сите повредени само едно лице е задржано на болничко лекување.

Слични содржини