323
Во Европа се регистрирани над 2.000.000 заразени со новиот коронавирус.
Најмногу заразени има во Русија, а следат Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција, пренесува АФП.
Русија бележи 335.882, додека починале 3.388 лица. Во текот на мај, дневно беа регистрирани и по 10.000 новозаболени.
Во Велика Британија досега се регистрирани 257.154 случаи.
Шпанија и Италија беа жариштата и најпогодените земји во Европа. Досега во Шпанија се регистрирани 234.824 случаи, а починале 28.628 лица.
Италија бележи 229.327 случаи, додека починати се 32.735 лица.
Повеќето земји започнаа да ги релаксираат мерките воведени за да се спречи ширењето на епидемијата.