Повеќе од 20 милиони луѓе се заразени со коронавирус во Европа од почетокот на епидемијата на почетокот на годината, јави агенцијата Франс прес денеска.
Вкупно 52 земји во Европа ја претставуваат областа во светот која е најмногу погодена од бројот на заразени. Европа е пред САД и Канада, кои имаат 15,4 милиони заразени, и Латинска Америка со 13,6 милиони.
Повеќе од 67 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата.
Во Европа, во просек, 238.000 луѓе се заразуваат на дневна основа во последните денови.