Во Франција пак побегна криминалецот кој има напишано и две книги за своите злосторства

од desk2
131 прегледи

Еден од најозлогласените криминалци во Франција, Редоин Фаид, побегна од затворот Рео.

Во бегството му помогнале тројца соучесници кои биле вооружени и упаднале во затворската просторија за посети, го земале Фаид и го одвеле со хеликоптер. Нешто подоцна, полицијата во Гонесу пронашла запален хеликоптер и се сомневаат дека криминалците побегнале во црн автомобил марка “Меган”.

Ова не е прво бегство за Фаид од затвор. Тој во 2013 година побегна од затворот со помош на динамит.

Редоин Фаид служеше казна за грабеж и требаше да му се изрече нова, тешка казна поради убиство на полицајка во 2010 година. Пред 5 години бил уапсен во хотел во местото Понто-Комбол, 20 километри источно од Париз .

Фаид, пораснал во емигрантските предградија надвор до Париз, вооружен е и особено опасен.

Претходно бил пуштен на условна слобода после деценија помината зад решетки, бидејќи ги убедил надлежните дека жали за своите кривични дела во минатото и е подготвен да започне нов живот.

Пред неколку години беше и ко-автор на две книги во кои ги призна своите злодела. Во книгата рекол дека за животот на криминалец бил инспириран од американските филмови како што е “Scarface”.