Во гаснење на пожарот над Отовица вклучени авиони на ДЗС и полициски хеликоптер

од Vladimir Zorba

Два авиона „Ер трактор“ за Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер интервенираат во гаснење на големиот шумски пожар над село Отовица што изби попладнето околу 14 часот.

Пожарот е во близина на автопатот Велес-Скопје каде поминуаат илјадници возила, а Колев се сомнева дека можеби отпушок од цигара фрлен од возило е причината за пожарот.

Истрагата на СВР Велес треба да утврди што е причината за овој голем шумски пожар.

Слични содржини