Во Германија фрлаат вакцини во ѓубре, им истекол рокот

од Vladimir Zorba

Се повеќе германски провинции фрлаат вакцини во ѓубре, а сега планот е да се донира вишокот на посиромашните земји. Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрлила 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „отфрлени“ само во јули.

– Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на намалувањето на подготвеноста на населението за имунизација – објави баварското Министерство за здравство.

Според тамошното Министерство за здравство, рокот на траење на 4.000 дози АстраЗенека истекол на крајот на јули во Баден-Виртемберг, поради што тие биле „правилно уништени“, пренесе Танјуг.

Во Северна Рајна-Вестфалија, минатиот викенд истекол рокот на 350 дози АстраЗенека, па затоа биле „правилно отстранети“.

Ова е, велат од министерството, првиот таков случај од оваа федерална провинција.

Дозите што не им се потребни, а се уште не се истечени, провинциите ги враќаат на федералната влада. Хамбург сака да врати 6.000 дози АстраЗенека во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози.

Слични содржини