Во Германија расте бројот на заразени, Меркел загрижена

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел изјави дека е многу загрижена поради зголемениот број на заразени со коронавирус и хоспитализации, па ги повика луѓето да не бидат невнимателни во пандемијата.

„Тоа треба да не загрижи сите“, изјави Меркел за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.

Германија не ја направи вакцината задолжителна за ниту една група, став што Меркел сè уште го дели.

„Но, фактот што, на пример, два или три милиони Германци над 60 години сè уште не се вакцинирани, ме растажува бидејќи тоа би било промена за нив лично, но и за целото општество“, рече канцеларката во заминување.

Германија вчера имаше скоро 24.000 нови случаи на инфекција, а починаа 114 луѓе.

Според Ројтерс, вакцинирани се околу 67,2 отсто од населението. Запрашана да се осврне на ограничувањата наметнати од Германија за време на пандемијата, Меркел рече дека должност на државата е да го заштити здравјето на што е можно повеќе луѓе и да спречи пренатрупаност на болниците.

„Се разбира, има многу простор да се разговара за оваа или онаа мерка“, додаде таа.
Одговарајќи на критиките дека како бездетна личност не го разбира товарот што го носат најмладите во пандемијата, Меркел рече дека тоа е особено тешко за децата и младите.

„Цело време бев свесна за тоа. Прашавме многу од нив“, заклучила таа.

Меркел денеска пристигна во Рим каде последен пат присуствува на самитот на Г20.

Слични содржини