Две приколки со 44 тони чоколадо биле украдени во петокот од индустриска зона во германскиот град Фрајбург, а полицијата сé уште не може да открие крадците , соопштува “Асошиетед прес”.

Чоколадата вреди околу 400.000 евра . Една приколка била земена  во саботата,   од полски камион, застанат на пауза во близина на границата помеѓу Германија и Франција. Чоколадата биле пронајдени непроменета, но возачот успеал да избега .

Втората приколка е пронајдена во близина на границата со Франција, но недостасуваат две третини од чоколадата. Сепак, крадците и таму исчезнаа .