„АвАв Хепи Дог“ е уникатно место, кафуле, градинка за кучиња и шелтер за бездомни животни. Прво од ваков вид во земјава, АвАв е идеја и дело на Наде Богоевска и Михаела Поповиќ, млади вљубенички во животните, природата, екологијата… Тие создале место каде сѐ е подредено на благосостојбата на животните, каде им се овозможени услови какви што заслужуваат. Со Наде и Михаела разговараме во деновите кога третманот на уличните животни во земјата е под секое ниво и кога на улиците се организираат протести за нивните права. Тие за „Иновативност“ ги споделија своите идеи како работи нивниот шелтер, но и како институциите хумано да постапуваат со животните

Наде и Михаела, во време кога кучињата, а особено бездомните, се случува да се најдат во немилост на луѓето и на институциите, вие негувате едeн многу поинаков концепт, полн со љубов и разбирање. Како почна приказната за АвАв?
АвАв беше поттикнато од големата љубов што и двете ја имаме кон кучињата. Отсекогаш сме сакале да направиме нешто за нив и да помогнеме околу грижата и хуманиот третман. Ја разработувавме нашата идеjа земајќи најдобри пракси од целиот свет. Во исто време, размислувавме и како сето тоа да го прилагодиме на наши услови. На тој начин целиот концепт се оформи како бизнис, но и како социјален модел за помош на уличните кучиња. Го формиравме нашето социјално претпријатие „АвАв Хепи Дог“, каде основното мото е „Одговорно сопствеништво, одговорна заедница, среќни кучиња“, бидејќи, бездомните кучиња се резултат на неодговорни сопственици, но и на неодговорна заедница и институции. Затоа нашата порака е „Кучето е за цел живот“, со која сакаме да укажеме дека кога некој ќе земе куче треба да се грижи за него целиот негов живот, а не да го исфрли на улица.
целиот текст ТУКА