Во Грција пораст на нови случаи на ковид 19

од Stefanija Kuzmanovska

Во Грција во изминатите 24 часа е регистриран пораст на бројот на заболени од ковид-19, бидејќи 25.566 нови пациенти се заразени со коронавирусот.

Во истиот период од болеста починале 19 пациенти, а 98 се на респиратори на одделенијата за интензивна нега, пренесува „Катимерини“.

По речиси три месеци, минатата недела беа регистрирани повеќе од 20.000 нови случаи на ковид-19, а тој тренд се чини дека продолжува.

Слични содржини