Во Грција е откриена банда, која обезбедува лажни документи  и пасоши за мигрантите што патуваат во Европа, пренесе Дојче Веле.

 

Грчката полиција објави дека неколку членови на групата биле  уапсени денеска во централна Атина. Кај нив се пронајдени над 300 фалсификувани или украдени пасоши, возачки дозволи и други лични документи, кои потврдуваат државјанство на различни европски држави.

Се претпоставува дека притворениците продавале пасоши по цени од 800 до 1200 евра , како и возачки дозволи и лични карти – од 150 до 500 евра по примерок.

По остатокот од групата трае потрагата.

Во последниве месеци, стотици мигранти биле притворени во Грција и Германија, кои се обиделе да добијат фалсификувани документи  или да се  населат во земјите од Централна Европа.