Холандската полиција испратила за истражување два сапунa, за кои се претпоставува дека датираат од времето на Втората светска војна, за да утврдат дали тие содржат човечки остатоци – можеби од Евреи, убиени за време на Холокаустот, пренесоа американските медиуми.

labaraort

Полицијата во северниот холандски град Доком соопшти дека истражува обид за продажба на сапуните на интернет. Колекционер на воени трофеи, кој ги предложил за продажба, на крајот ги предал на органите на редот.

Според полицијата врз основа на описот на продавачот “може да се заклучи дека можеби станува збор за сапун, произведен во нацистичките концентрациони логори во Втората светска војна, кои може да содржат остатоци од мртви Евреи.

Повеќето научници го отфрлаат како мит гласините дека нацистите имале програма за производство на сапун од телата на Евреи за време на војната, забележува агенцијата.

Слични содржини