Во хотел во Скопје пронајдено починато лице, се огласи МВР

од Stefanija Kuzmanovska
475 прегледи

Денеска во 05.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итната медицинска помош било пријавено дека во хотел на бул. „Крсте Мисирков“ бил пронајден починат Д.Т.(87) од Република Турција.

„Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“, инфомира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Слични содржини