Во Хрватска најмногу заразени меѓу тестираните, веднаш зад Шведска: Короната се шири, но еве која земја во ЕУ нема ниту еден случај

од Aleksandar Petrovski
221 прегледи

Хрватска е веднаш зад Шведска по бројот на позитивни на вирусот корона од вкупниот број тестирани граѓани, се вели во седумдневната анализа објавена на порталот на Универзитетот во Оксфорд „Our World in Data“.

Иако Луксембург изминатите денови се истакнуваше како една од европските земји со голем број нови случаи на инфекција со коронавирус, податоците од гледна точка на позитивни тестови и вкупниот број тестови покажуваат дека ситуацијата во таа земја не е толку загрижувачка, пишува хрватскиот портал Индекс.

Процентот на позитивни тестови во однос на вкупниот број тестови во период од седум дена, од 7 до 16 јули, во Луксембург е само 0,7 проценти, што е во опсегот на ситуацијата во Германија, а подобро во однос на Белгија и Франција.

Според истите податоци, најлошо е во Шведска, по што следи Хрватска.

Од европските земји, Шведска е далеку најлоша со 7,9 проценти позитивни тестови во однос на вкупниот број. Заради споредба, се наведува дека истиот статистички индикатор за САД во идентичен временски период е 8,7 проценти.

Зад Шведска е Хрватска со седум проценти, а скоро половина помалку од Бугарија (4,6 проценти) и Романија (4,1 процент).

Следат Чешка со 2,7 проценти и Португалија со 2,4% од оние земји на ЕУ кои имаат релативно повисоки проценти од остатокот на Унијата.

Повеќе од еден процент од заразените лица од вкупниот број тестови сè уште имаат – Словенија (1,9), Шпанија (1,4), Словачка (1,3), Франција (1,3), Полска (1,2), Австрија (1,2) и Белгија со 1,1 процент.

Земјите-членки на ЕУ со процент на заразени во однос на вкупниот број тестови се Естонија (0,8), Холандија, Грција и Луксембург со 0,7 проценти, Германија (0,6), Италија и Унгарија со половина процент, Латвија (0,4) и Литванија, Ирска и Финска со 0,2 проценти на заразени.

Данска има 0,1 процент на заразени од вкупниот број тестови, а Малта ниту еден.