Русокосата актерка Кејли Куоко ѝ е позната на јавноста од улогата на Пени во хит серијата “The Big Bang Theory”, а наскоро повторно ќе ја видиме пред олтарот.

Нејзиното момче, припадник на еминентна њујоршка фамилија и голем љубител на јавањето, Карл Кук, со која е во среќна врска од 2016 година, клекнал пред актерката пред неколку месеци на нејзиниот 32-ри роденден.
https://instagram.com/p/BfzjTheFgRP/?utm_source=ig_embed
Актерката никогаш не криела колку е заљубена и среќна, но во неодамнешното интервју за списанието “Cosmopolitan”, таа немала пофални зборови за поранешниот сопруг Рајан Свитинг.
“Мојот поранешен партнер целосно го уништи значењето на зборот “брак” за мене и тој е виновен за разводот бидејќи тоа не беше личноста во која се заљубив. Се омажив за човек кој потполно се промени и мислев дека никогаш повеќе нема да се омажам”, раскажала актерката која еден период била во врска и со актерот Џони Галецки, кој во споменатата серија се појавува во улога на нејзиниот сопруг Ленард.
https://instagram.com/p/Bdq4CJBFQ3X/?utm_source=ig_embed
“Морав да поминам многу работи за да стигнам до Карл”, заклучила актерката.
За потсетување, Рајан ја запросил Куоко по 3 месеци, а парот се венчаше по 6 месеци врска. Свитинг во меѓувреме станал зависник од таблети против болка и постојано се забавувал со пријателите – нешто кое актерката одбила да го толерира.
Вистинскиот шок следел по поднесувањето на барање за развод, кога познатиот тенисер побарал алиментација од својата поранешна сопруга. Иако актерката нема никакви финансиски проблеми, таа не сакала да го дели богатството со сопругот па затоа го натерала претходно да потпише предбрачен договор.
Тоа се покажало како најпаметна одлука, со оглед на тоа што по финализирање на разводот, актерката ги задржала своите пари. Таа му врачила “проштален подарок” во износ од 165 илјади долари и исто така се согласила да ја плати сметката од 195 илјади долари за неговите два лични тренери.