215
Бројот на заболени со КОВИД-19 во Италија денес се зголеми за 13.318, а уште 201 лице се префрлени на интензивна нега.
Министерството за здравство соопшти дека 601 лице починало.
Во болниците, бројот на заболени лица од ковид се опаднал под 25.000, од кои 2.677 биле на интензивна нега – 43 помалку од претходниот ден.
Италијанците влегуваат во претстојните празници со многу ограничувања и веќе е забрането патување од еден во друг регион, освен за работа или лекување.
Почнувајќи од Бадник, скоро сите патувања надвор од родниот град ќе бидат забранети.