Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска до 12 часот е регистриано едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје.
По отворањето на гласачките места досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов“, кога лицето В.Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници од избирачкиот одбор, а во еден момент ја потегнал за чантата претставничката во ИО, а потоа со мобилен телефон ја фотографирал просторијата, информираше денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Лицето е лишево од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.
Ангеловски истакна дека гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање, а од неправилности што се пријавени во МВР, има неколку случаи на агитирање, носење гласачи на гласање, испишани графити на избирачки места, како и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.
– Ова се добиени пријави по кои постапува МВР и откако ќе се утврдат фактите, соодветно ќе ја информираме јавноста, нагласи портпаролот на МВР.