Во изминатото деноноќие, санкционирани 101 возач, седум санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи, поконкретно екипите кои се дел од засилените контроли во главниот град, во изминатото деноноќие изрекоа санкции за 101 возач, од кои 12 санкции се поради управување на возило без возачка дозвола.

МВР денеска соопшти дека седум санкции се за непочитување на брзина на движење, а три за технички неисправни возила за јавен превоз.

„Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила“, се вели во соопштението и се најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини