Во кавга ја зграпчил жена си за врат, таа го пробола со нож

од desk2
22 прегледи

 

Неколку часа пред убиството на 84-годишна штипјанка од нејзиниот син, во Штип имало обид за убиство – при семејна расправија и откако ја зграпчил за врат, 65-годишна штипјанка со нож го пробола својот сопруг.

Штипјанецот што ја убил мајка си бил мортус-пијан, но свесен што прави

Како што извести МВР, вчера 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг. Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет.

Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош, а таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Слични содржини