Кеопсовата пирамида во Египет – последниот зачуван архитектонски споменик од Седумте чуда на античкиот свет, веројатно содржи две досега непознати простории, пренесе Франс прес, повикувајќи се на египетската Министерството за спомениците на културата.

Во соопштението на Министерството се наведува дека во рамките на проектот “Скенирај ги пирамидите” со помош на софистицирана технологија во Кеопсовата пирамида се откриени две “аномалии”, кои најверојатно сведочат за скриени простории.
Дополнителните тестови кои ќе бидат направени, а се очекува да се открие “функцијата, природата и големината” на предметните простории.
Проектот “Скенирај ги пирамидите”, започна во октомври 2015 година, се одвива заеднички од египетските, француски јапонски и канадски научници, и се очекува да трае до крајот на 2016 година
Целта на амбициозниот потфат е да се разбранува тајната на изградба на пирамидите.